Да се биде оригинален, значи да се излезе од морето на униформниот изглед и мисла. А тоа денес е тешка задача. Опкружени со нешта кои личат едни на други, почнуваме и сами да ја губиме индивидуалноста и сопствениот стил.
Во Fingerprint го нема тој проблем. Овој нов трговски бренд нуди креативен концепт за тоа како може да се изгледа поинаку и со стил. Тој ги спојува секојдневието и духовитоста и на пазарот понудува уникатно креирана облека.
Зад Fingerprint стои креативна екипа од млади луѓе на кои никогаш не ѝ недостасуваат идеи и ведар дух и кои вешто ги откриваат најсуптилните одлики кои го прават ова парче земја и луѓе толку оригинални.
Пред вас стои првата едиција маици со име Macedonian beauty, со којашто на поинаков начин ќе ја раскажувате приказната за македонскиот шарм, сонце, езера и ајвар. 🙂
Секое парче облека е 100 % смислено и направено во Македонија и е прво од низата различни производи и дизајни што ќе следуваат.
Fingerprint – парче приказна